Дамјановски: Каде беа кога во шише се изнесуваа 800.000 евра од државата? (видео)

Сподели со своите пријатели

По денешните обвинувања од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дека член на извршнито одбор на СДСМ се обидел да изнесе поголема сума на пари на македонско-српската граница, свој одговор даде и првиот човек на градот, Зоран Дамјановски кој вели дека ова се очајни обиди на партијата која не може да се помири со поразот од изборите одржани на 11 декември.

Во изминатиот период постојано се вршеше притисок преку локалната самоуправа за некои видеозаписи на директор кој беа објавени на неговата социјална мрежа, за објективноста вистинитоска на тие снимки и постирање на социјалните мрежи ќе си дадат одговор референтните институции, се вршеше притисок со индивидуалните случувања на претседателот на партијата Мартин Костовски во однос на вербални конфликти со протестантите на улица, се вршеше притисок на пратеникот Максим Димитриевски, тоа се индивидуални ставови, денеска кулминација и притисок врз локалната самоуправа во однос на случка која на нас не ни е уште позната бидејќи нема никакви званични информации од министерството, ниту царинските служби за царинскиот прекршок на Виктор Петрушевски – рече Дамјановски.

 

Првиот човек на градот упати неколку прашања со обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу другото праша и каде биле и зошто молчеле кога член на нивната партија во шише изнел 800.000 евра преку границата.

Каде бевте кога се трансферираа во Молдавија преку своите љубовни врски на аеродром, милион и пол евра, луѓе блиски до братучедот на премиерот, каде бевте кога се вршеше трансфер на пари од „Актор“ три милиони во еден ден за делницата Смоквица-Демир Капија, каде бевте за 5% провизија од Кинезите, каде бевте кога рушевте објекти за 20-30 сантима и кога течеше низ панталоните. Каде бевте кога удиравте шамари на градоначалници само затоа што не можеше да се оствари вашиот сон да ги присвоите парцелите на Водно, каде бевте кога рпавевте политички затвореници, каде бевте кога ја направивте Македонија најцрно дно на демократијата во Европа за што говори и европскиот извештај на ПРИБЕ – праша Дамјановски.

Како што рече Дамјановски СДСМ има за цел да ја врати државата на демократскиот пат и ова се обиди на ВМРО-ДПМНЕ за дефокусирање на јавноста од моменталната состојба.

Што побрзо сфатете дека треба да почнете да размислувате како вистински Македонци, не како тврдокорни, оние што сакаат да прават немири, да го поделат македонскиот народ, да направат интраетнички завојувања во самите редови на Македонците, а не дај боже да се отвори поширока платформа на интраетничкото недоразбирање и можеби и полоши сценарија кои ги предвидуваат од неколку аспекти. Сметам дека е време еднаш засекогаш да почнеме да ја градиме Македонија европска, демократска и просперитетна. Затоа овие одговори дајте ми ги што поскоро, каде бевте за овие точки кои ви ги набројав, а јас сум тука за сите овие работи што општината ги направила надвор од законот и процедурите да одговарам пред целата јавност и пред сите органи и институции на Република Македонија – рече Дамјановски.

Тој порача дека ова е планирана стратегија да се фрла прав во очи на граѓаните, а воедно најави дека преку УЈП власта во заминување се обидува дополнително со 30 милиони денари да го блокира работењето на ЈП „Чистота и зеленило“, а со та и на целиот град.