Првиот човек на Општина Куманово вечерва го осуди денешниот немил настан кога неколку тинејџери од албанската националност го симнаа големото македонско знаме од центарот на Куманово.
Тоа е некој чин на поединец се работи по мои сознанија за некој малолетник неколку деца кои направиле таков инцидент, полицијата брзо реагирала, мислам дека има завршница во однос на сторителот. Локалната самоуправа беше замолена да интервенира со поддршка со механизација за да биде регулирано знамето се чека да дојде бидејќи старото е доста изветено и оштетено така да ќе ставиме ново знаме и тоа ќе биде заборавено. Мислам дека ова е само инцидент не гледам некоја позадина не треба да се шпекулира тоа во оваа политичка хистерија во Македонија бидејќи секој момент се користи за да се фрли око на етношофинизмот на една страна од друга страна албанофонијата така да мислам дека ова треба да се заврши на ниво на инцидент. Се надевам дека нема да има поголема поделба по овој немил настан. Граѓаните треба да бидат мирни во оваа политичка хистерија затоа што секакви немили сценарија ќе до0ведат до несакани последици и мислам дека ова треба што поскоро да заврши од аспект што долго трае оваа криза оваа политичка драма во Македонија. Денеска сме на драма македонска меѓутоа, оваа македонска драма е голема, длабока и тешка – изјави Дамјановски кој вечерва присуствуваше на германскиот симпозиум за драма и театар.
Две лица се приведени по настанот, а доцна вечерва на јарболот кој неколку часа остана празен повторно беше поставено македонско знаме.