Устанивот суд денеска се произнесе за ненадлежен кога станува збор продолжување на мандатите на градоначалниците и локалните совети на општините кои истекуваат на 15ти мај.
Градоначлникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски вели дека заеднички став на ЗЕЛС е политички договор за дефинирање и распишува на локалните избори, но и законски измени кои ќе донесат продолжување на мандатите со цел локалните самоуправи да можат да функционираат непречено во функција на граѓаните. Тој апелираше лидерите на парламентарните партии итно да имаат состанок и да изнајдат решение за проблемот.
Распишување или промена на закон се донесува со 61 глас тоа не е спорно ако немаме политички договор законот донесен со просто мнозинство можеби ќе има промени во имплементација понатаму затоа е потребна лидерска средба, затоа се очекува истата сите политички партии кои ќе донесат заедничко решение, измена на избирачкиот законик и потоа врз основа на измена на член дека мандатот трае до момент дека мандатот трае до избор на нов градоначалник или стар. Така на некој начин ќе се надомести тој правен вакум преку заврши одредби на некој начин ќе се стави под контрола можноста за делување на градоначалникот. Тоа треба да се случи ако се случи со лидерска средба договор на сите политички партии за промена на избирачкиот закон во членот за дефинирање на датумот за локалните избори – вели Дамјановски.
Најрано што може да се очекува одржување на локалните избори е на есен, бидејќи споед Дамјановски тоа не може да се случува во летниот период кога поголемиот дел од граѓаните се на одмор надвор од државата. Но, доколку лидерите не изнајдат решение на проблемот со мандатите тогаш ќе настане парализа на институциите.
Во случај ако не дојде до никаква разрешница до никаков договор дефинитивно ќе имаме целосна парализа на локалната власт, односно децентрализацијата ќе застане целосно, бидејќи ниту една функција услуга на граѓаните нема да функционира тука се и образовните процеси јавните установи, претпријатија, противпожарни служби, комунална инфраструктура. Не смее тоа да се дозволи бидејќи имаме потреба да се извршат основните услуги на граѓаните. Мислам дека ќе се преброди тој јаз во политичките разлики, лидерската средба ќе даде конечен одфовор, друго решение нема, бидејќи сите измени на законите се носат со договор на политичките партии. Јас сум во постојан контакт со лидерот на партијата нашите коалициски партнери, оптимизмот дека за тоа ќе има разрешница, постои дали ќе дојде до брза реализација или ќе се чека некој период понатаму јас не можам да гарантирам од оваа позиција, мислам има најава дека во тек на оваа недела, или почетокот на наредната ќе се одржи лидерска средба – додава Дамјановски.
Според првиот човек на градот, од понеделник градоначалниците нема да имаат право да потпишуваат никакви одлуки, одобренија или пак исплати за тековните работи во градот.

