Дамјановски денеска одговори и на прес конференцијата од сабота, кога Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека иако ветил не ја изградил економската зона во село Речица, а воедно прашаа дали општината ќе го продолжи проектот ТИРЗ на Аџитепе која Владата ја започнала, а е во фаза за реализација.
Градоначалникот посочи дека Аџитепе бил одземен од страна на државата и локалната самоуправа веќе шест години нема влијание врз него, а дека економската зона во селото Речица е неисплатлива и никој не сакал да инвестира.
Реакцијата ја пренесуваме интегрално.
Сакам да истакнам дека и во двата наврати, Владата која толку ја милуваат пред седум години донесе одлука аеродромот на Аџитепе кој имаше имотен лист од Општина Куманово, од локалната самоуправа да биде одземен и повторно вратен на РМ, за да подоцна биде даден на користење од нивни познати причини на Аеро клубот „Доне Божинов“ кој моментално е без секаков имот, затоа што тој аеро клуб не функционира, сега има нов аеро клуб кој ги користи тие простори, бидејќи основните средства беа откупени од друг клуб формиран во тој период.
Локалната самоуправа во изминатите шест години нема никакво влијание, бидјеќи без да се даде согласност од локалната самоуправа земено е корисничко право на Општина Куманово, вратено е на РМ и доделено. Не знам зошто прашувате за нешто што вие го креиравте во изминатиот период. Прашајте ги тогашните функционери кои беа на ваша страна, кои направија големи усилби, силно влијание врз Владата за да се донесе таква одлука, која ние ја дознавме од СЛужбениот весник, така да таму немаме никаков пристап, како и сите спортски терени кои под наводници се водат како корисници, а направиле договор на 20 години во 2002 година на определени спортски здруженија, граѓански здруженија и затоа има хаварија во тој дел.
Што се однесува до индустриската зона во атарот на Режановце, таму има едно земјоделско земјиште, кои за да покажат некаква добра волја го претворија во економска зона, ние добивме трансформација на тоа земјиште, ги дадовме некои наши визии околу развојот на мали и средни претпријатија за ситно незагадувачка преработувачка индустрија и ние во изминатите три години, бидејќи таму имаме еден неадекватен пристап, правиме наддавање на 48 парцели. Имаме во неколку наврати надавање, интересот е никаков, а претходно самата влада преку Министерството за транспорт и врски од нивни исто така од нивни разбирливи причини на нивен вработен, неколку парцели, со тоа го контаминираа самиот терен за едно евро по квадрат и сега во понатамошниот период ние како општина треба да вложиме во инфраструктура над 3 милиони евра, затоа што таму нема ниту водоводна, ниту канализациона структура, нема електрика, нема патна инфраструктура, за да сето тоа се постави, треба да се гради прочестителна таница за да апсорбира квадратни води за 48 објекти, да се направи водоводна мрежа која треба да се влече над шест километри во еден правец, да се направи трафостаница со огромен капацитет и патна инфраструктура која исто така е од 25-35 илјади квадратни метри.
Значи општината треба да вложи над три милиони евра од Буџет кој е урнисан, а таму немаме потенцијален инвеститор, затоа што на отворените повици, на овие цени интересот е многу мал, односно се купени неколку парцели, директно продадени преку Министерството за транспорт и врски и едно две-три се со надавање за тие минимални цели кои не ги покриваат ниту административните трошоци.
Јас ги прашувам овие душебрижници за економската зона, дали вината е во власта 11 години што владееше нивната партија која го урниса не само Куманово, како најголема заедница во Македонија и економски и социјално на секој план. И овој период кога бродот тоне со огромна брзина кон дното, тие се обидуваат со едни ваквки популистички прес конференции да ја дефокусираат јавноста – вели Дамјановски.

