Кога велиме Тунгузија, обично помислуваме на место кое е (пре)далеку, тешко достапно или зафрлено.
Loading...
Сепак, Тунгузија постои и се наоѓа во Русија, поточно во североисточниот дел на Краснојарскиот крај.
Денес регионот е познат под името Евенкија, но некогаш го носел името Тунгузија.
Областа првично била населена со Евенкиски племиња (наречени Тунгузи), а била припоена кон Русија во средината на 17 век.
Оваа област е позната и по падот на метеорит на 30 јуни 1908 година, кој предизвикал огромна експлозија и уништување на околу 60 милиони дрвја.
Loading...
Во таа прилика, неколку илјади квадратни километри тајга биле срамнети со земја, а до денес не е разјаснето дали метеорит или комета удрил во површината на Земјата.