Дали знаете како настанал пешачкиот премин?

Сподели со своите пријатели

Безбедниот сообраќај е важен и за пешаците и за возачите и треба да се води грижа за сите аспекти кои влијаат на нив.

Првиот пешачки премин е обележан во градот Слау, во Англија на 31. октомври 1951. година. Набргу станал толку популарен што „Битлси“ направиле фотографија како преминуваат на улицата „Еби“, за својот истоимен албум. Познатата зебра била чекор напред кон безбедноста на патиштата, но таа не била прва иновација воведена за да на пешаците им се олесни преминувањето на патот.

Како настанала лентата за трчање и за што се користела во минатото?

Loading...

И во Англија и во САД се обиделе на пешаците да им го олеснат преминувањето на улицата во триесетите години на дваесетиот век, по првата несреќа во која страдал пешак во Америка во 1899. година. Потоа се случиле безброј несреќи, па надлежните во многу земји се обиделе да воведат ред во соограќајот.

Пешачките премини во Британија започнале да се обележуваат во триесетите години. Првин биле поставувани метални обележувачи на асфалтот и столбчиња на двете страни на патот. За да се зголем безбедноста, властите експериментирале со ознаки со различни бои, за да на крајот осмислат упадливи црно-бели линии кои за прв пат биле поставени во 1951. година.

 

 

Зебрата во Еби улицата била поставена кон средината на педесетите години, околу една деценија пред Битлски да направат фотографија за својот албум. Овој премин денес се смета за културно наследство и претставува голема туристичка атркација.

Премин зебра, според претпоставките, го добил името затоа што еден од функционерите рекол дека го потсетува на зебра, но не е единствен кој во Британија добил име по некое животно.

Само неколку години подоцна, во 1962. година, воведен е преминот панда, напшал Џоел Тејлор за весникот „Метро УК“. Откако ги збунувал возачите овој премин набргу бил заменет со преминот пеликан. Австралија има премин вомбат, а Тусон во Арзиона премин сокол.

Како настанала кратенката „ОК“?

И во САД пешачките премини се уште се менуваат. Архитектот Синди Зергер рекла дека е важно да се избере вистинскиот пешачки премин за секој пат. Покрај тоа, ставот според тоа кој треба да има првенство на патот се променил од педесетите години на минатиот век, кога приоритет имале автомобилите. Сега е навистина потребно да се даде приоритет на пешаците и велосипедистите, наместо само на одредени делови на патот.

Со други зборови, дизајнот за пешачки премин е само дел од сложвалка кога е во прашање патниот сообраќај и употребата на патиштата. Безбедниот сообраќај е важен за возачите и за пешаците, а и треба да се грижиме за аспектите кои влијаат врз нив.

Сообраќајните несреќи се честа појава, одговорноста и на едните и на другите е клучна, но пред се важно е патиштата да бидат обележани и да потсетуваат на правилата во сообраќајот.

Leave a Reply