Желудникот е еластичен, мускулест орган кој по потреба се проширува кога во него внесуваме поголемо количесто храна или вода. Меѓутоа, тоа е привремена промена и кога храната ќе се свари, се враќа во првобитната големина.
Сепак,, ако се прашувате дали желудникот може трајно да се прошири или намали во зависност од тоа колку јадеме, треба да знаете дека некои истражувања укажуваат на тоа дека намаленото внесување храна може да го намали капацитетот на желудникот, веројатно затоа што ѕидовите на органот стануваат помалку растегливи и обратно.
Празниот желудник секогаш е со иста големина и има капацитет од 75 милилитри. Меѓутоа, еластичен е како балон и може повеќекратно да го зголеми капацитетот. Нормално кај конзумацијата на храна се проширува до еден литар, а по преобилен оброк и до два литри капацитет.
Кога сакаме да јадеме, мозокот испраќа сигнал до желудникот дека храната е на патот. Мускулите на желудникот тогаш се опуштаат и желудникот се подготвува да биде наполнет со храна. Кога храната минува низ дигестивниот тракт, желудникот се враќа во првобитната големина.
Иако храната која ја јадеме минува низ нашиот желудник и мозокот има големо влијание на чувството на глад, ситост и конзумација на храна. Кога желудникот при јадење ќе се прошири до одредена граница, до мозокот испраќа сигнал дека повеќе не сте гладни. Но, кога прејадувањето и јадењето надвор од границите на чувството на ситост станува редовно, тој природен рефлекс ослабнува.
Брзината со која јадеме исто така влијае на тоа како жеудникот испраќа сигнали на ситоста. На мозокот му е потребно малку време за да сфати дека сме сити, па кога јадеме брзо, лесно се прејадуваме. Без оглед на тоа дали сакате да ја зголемите или намалите еластичноста на желудникот, капацитетот на храна при тоа има големо влијание.
На пример, кога јадеме чипс, внесуваме многу калории, но таа храна зафаќа малку простор. Со овошјето и зеленчукот, од друга страна внесуваме намирници кои зафаќаат поголем простор, а имаат помалку калории.