Дали заминувањето од Кабул ќе биде можно по 31 август? ЕУ го евакуираше целосно персоналот!

Сподели со своите пријатели

Лидерите на Г -7 ќе разгледаат дали ќе побараат од Талибанците да го продолжат рокот за евакуација од Кабул по 31 август, што властите на Исламскиот Емират Авганистан го поставија како „црвена линија“.

Loading...

„Вашингтон пост“ објави дека директорот на ЦИА Вилијам Барнс се сретнал во Кабул со лидерот на Талибанците Абдул Гани Барадар, повикувајќи се на неименувани американски службеници.

ЕУ: Го евакуиравме целиот персонал од Авганистан

Европската унија го евакуираше целиот свој персонал од Авганистан, освен некои службеници кои сѐ уште работат на аеродромот во Кабул, изјави портпаролот на Европската комисија.

„Сите вработени што требаше да бидат евакуирани се евакуирани“, изјави портпаролот за новинарите во Брисел.

„Сѐ уште имаме некои службеници на аеродромот да управуваат со она што треба да се управува, но персоналот од делегацијата на ЕУ и нивните семејства се евакуирани“, рече портпаролот.

Г-7 за санкции против Талибанците

Лондон ќе биде домаќин на виртуелен самит на Групата седум, чија главна тема ќе биде ситуацијата во Авганистан.

Loading...

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе иницира нови санкции против Талибанците за време на дискусијата за кризата во Авганистан, додека американскиот претседател Џозеф Бајден најави поддршка за тој предлог.

Пред состанокот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, побара меѓународно решение за бегалците од таа земја.

Таа нагласи дека е важно за сите држави вклучени во мисијата во Авганистан да обезбедат доволни квоти за бегалците и нивно безбедно минување и дека луѓето треба да се спречат да паднат во рацете на криумчарите.

Рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди телефонски разговараа за ситуацијата во Авганистан, објави Кремљ.

Двајцата лидери се согласиле да воспостават постојан канал за билатерални консултации за развојот на ситуацијата во Авганистан, се вели во соопштението.