Дали вреди да се земе кредит за да се купат акции на берза?

Сподели со своите пријатели

Не е препорачливо да се земе кредит за да се вложат парите на берза затоа што за инвестирање во хартии од вредност најдобро е да се користат заштедени пари. Но, дали е секогаш така?

Loading...

Во изминативе пет години се случија навистина драматични промени на финансиските пазари, па затоа порталот pari.com.mk направи анализа којашто покажа дали се исплатеше да се земе потрошувачки кредит пред пет години за да се купат акции од пет компании со чии акции најмногу се тргува на Македонската берза.

Просечната каматна стапка на потрошувачки кредит во денари и со рок на отплата поголем од пет години во декември 2019 година кај големите банки изнесуваше 2,9 насто, а кај средните банки 2,49 насто. Земаме рок на отплата поголем од пет години поради пониската каматна стапка. Ако некој инвеститор решил да ризикува и во тој месец подигнел потрошувачки кредит во износ од 600.000 денари со фиксна каматна стапка од некоја од големите банки, со рок на отплата од шест години, на крајот на банката ќе треба да ѝ врати околу 655.000 денари. Ако го зел кредитот со истите услови од некоја од средните банки, на крајот ќе треба да врати околу 647.000 денари. На овие износи треба да се додадат и еднократните трошоци за аплицирање и администрирање на кредитот, кои може да изнесуваат од 6.000 до 12.000 денари.

Да видиме сега колкав бил ценовниот раст кај акциите од пет компании на Македонската берза коишто се најатрактивни за инвеститорите во изминативе пет години. Дали растот на цената на овие акции би го оправдал задолжувањето со кредит, кое подразбира и трошок на инвеститорот за кредитот, како и за провизии за брокерот, депозитарот и берзата. Најтргувани акции на Македонската берза во 2019 година беа акциите од Комерцијална банка, Алкалоид, МакпетролНЛБ банка и Гранит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јавен оглас за прием на 600 нови поициски службеници

Во декември 2019 година, последната просечна дневна цена на акцијата од Комерцијална банка изнесуваше 6.648 денари, што значи дека нашиот инвеститор во тој момент можел да купи 90 акции за 600.000 денари. Ако се одлучел за акциите од Алкалоид, во декември 2019 година можел да купи 50 акции по цена од 11.900 денари. За 600.000 денари можел да купи 532 акции од Гранит по цена од 1.126 денари за една акција. Акцијата од НЛБ банка имаше просечна дневна цена од 17.204 денари, што значи за 600.000 денари можел да купи 34 акции. Акцијата од Макпетрол во декември 2019 година имаше убедливо највисока берзанска цена од дури 77.850 денари во споредба со акциите од избраните пет компании, така што за 600.000 денари беше можно да се купат само 7 акции од оваа компанија.

Одиме година по година. Просечната цена на акцијата од Комерцијална банка во декември 2020 година достигна 7.230 денари. Цената на акцијата од Алкалоид се зголеми на 13.207 денари, а од НЛБ банка на 18.410 денари. Акцијата од Гранит имаше минимален ценовен пад на 1.119 денари, додека акцијата од Макпетрол падна на 73.626 денари.

 

Loading...

Во декември 2021 година акцијата од Комерцијална банка надмина петоцифрен износ и достигна 11.726 денари. Порасна и цената на акцијата од Алкалоид на 18.440 денари и од НЛБ банка на фантастични 29.195 денари. Нагоре отиде и акцијата од Гранит и достигна цена од 1.393 денари, додека акцијата од Макпетрол достигна цена од 78.280 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали е ова вистинската причина за војната во Сирија?

 

Декември 2022 година не беше најдобар месец за цените на акциите од Македонската берза и можеше да значи големо разочарување за нашиот инвеститор затоа што акциите од сите пет компании имаа ценовен пад. Цената на акцијата од Комерцијална банка падна на 11.678 денари, од Алкалоид на 17.157 денари, од Гранит на 1.275 денари, од НЛБ банка на 23.700, а од Макпетрол на 67.394 денари.

 

Но, веќе следната година се врати нагорниот ценовен тренд, а со тоа и оптимизмот кај инвеститорите. Во декември 2023 година, акцијата од Комерцијална банка достигна цена од 14.227 денари, од Алкалоид од 18.155 денари, а од НЛБ банка од 29.539 денари. Ценовен пад имаше кај акцијата од Гранит, која падна на 1.179 денари, и кај акцијата од Макпетрол, чија цена се намали на 64.376 денари.

Loading...

 

До крајот на минатата недела од декември годинава цените на акциите продолжија да растат. На 6. декември акцијата од Комерцијална банка се продаваше по последна цена од фантастични 26.901 денари. Акцијата од Алкалоид го затвори денот со цена од 27.994 денари, а од Макпетрол со цена од 90.000 денари. Последната цена на акцијата од Гранит во петокот изнесуваше 1.700 денари, а од НЛБ банка 54.500 денари.

 

Што покажуваат овие бројки? Ако нашиот храбар инвеститор ги чувал акциите од Комерцијална банка и сега одлучи да ги продаде, за 90 акции ќе заработи 2.421.090 денар! А, пред пет години за нив платил 600.000 денари.

Ако купил 34 акции од НЛБ банка, сега ќе може да ги продаде за 1.853.000 денари!

Ако купил 50 акции од Алкалоид, сега ќе заработи 1.399.700 денари!

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Производната активност во Јапонија падна шести месец по ред

Ако купил 532 акции од Гранит, сега ќе може да ги продаде за 904.400 денари.

Loading...

Ако купил 7 акции од Макпетрол, сега ќе има заработка од 630.000 денари.

На овие износи треба да се додадат и приходите од дивиденда ако компаниите исплаќале дивиденда, но во оваа анализа нема да ги вклучиме затоа што нивниот износ е дефинитвно незначителен споредено со заработката на самата цена на акцијата.

Чисто за да биде уште поинтересна нашата анализа, ја анализиравме и акцијата од Македонија турист, која последниве месеци направи растур на Македонската берза. Во декември 2019 година, просечната дневна цена на акцијата од Македонија турист изнесуваше 5.630 денари и за 600.000 денари можеше да се купат околу 105 акции. Цената на акцијата од Македонија турист за една година падна на 4.167 денари. Во декември 2021 година и акцијата од Македонија турист покажа ценовен раст и достигна 4.850 денари. Следниот декември, 2022 година, цената на акцијата од Македонија турист се намали на 4.400 денари, а по една година (декември 2023 г.) се врати на ниво од 4.774 денари. Во петокот, акцијата од Македонија турист го затвори денот со цена од 9.855 денари. Купените 105 акции пред пет години за 600.000 денари сега може да се продадат за 1.034.775 денари.

 

Задолжувањето со кредит во банка за да се инвестираат парите на Берза во изминативе пет години сепак било повеќе од исплатлива инвестиција ако парите се вложеле во акцијата од Комерцијална банка, НЛБ банка, Алкалоид и Македонија турист.

Loading...

Оваа анализа дефинитивно покажува дека од секое правило има исклучоци и дека среќата сепак може да биде на страната на храбрите.

Целата анализа на следниот линк: https://pari.com.mk/dali-vredi-da-se-zeme-kredit/