Дали воздушните перничиња во автомобилите имаат рок на траење?

Сподели со своите пријатели

Нема рокови за нови автомобили, а ако имате возило произведено во осумдесеттите или почетокот на деведесеттите – проверете.

Loading...

Во опремата за безбедност на автомобили, воздушните перничиња се една од клучните ставки.

Досега се спасени десетици илјади возачи, совозачи и патници, а во интерес на сите треба да биде да функционираат. Дали воздушните перничиња имаат рок на траење?

Кога производителите на автомобили почнаа да поставуваат воздушни перничиња, пред околу четириесет години, рокот на траење беше јасно дефиниран.

Најчесто тоа би било 10 или 15 години. Сепак, производителите како Хонда во раните 1990-ти советуваа да се проверуваат воздушните перничиња на секои 10 години.

Од Мерцедес, пак, заклучиле дека воздушните перничиња што ги произвеле по 1992 година ќе траат цел живот на автомобилот. Напредокот во технологијата на модулот за воздушни перничиња обезбедува доживотна, функционална сигурност на воздушните перничиња.

Воздушното перниче се покажа како сигурен уред кој не бара премногу проверки или поправки. Ова е добра вест имајќи предвид дека сите возила произведени денес имаат воздушни перничиња. Некои модели имаат инсталирани неколку различни типови на воздушни перничиња.

Се препорачува редовно проверување на воздушните перничиња што ги имате во вашето возило доколку свети нивното светло на контролната табла на вашиот автомобил. Кога ќе го стартувате автомобилот, треба веднаш да видите дека светлото на воздушното перниче се пали и исклучува. Ако симболот не свети или ламбата свети долго време, треба да посетите квалификуван механичар.

Loading...