Вежбите на НАТО во Балтикот се дел од подготовките на алијансата за можен воен конфликт со Русија, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко, објави ТАСС во среда.
Loading...
„Ја оценуваме воената активност на НАТО како дел од подготовките за воени конфликти со Русија“, рече Грушко.
„Ако го погледнеме фокусот на тие вежби, концептот, структурата на распоредените сили, самите единици, нивниот квалитет, одредени цели, може да се каже дека станува збор за борба против непријател со споредлива сила“, додаде тој.
БАЛТОПС – годишната вежба на НАТО во Балтичкото Море и околните региони, се одржува овој месец.