Мирисот на чад, кој се лепи за облеката и невозможно е да го снема и исто така тешко да се отстрани. Експертите велат дека прекумерното перење облека не е добро за долговечност, па доколку облеката е чиста, проветрете ја пред да ја ставите во машината за перење.
За брзо отстранување на мирисот на чад од облеката, се препорачува да ги закачите аљиштата во бањата додека се туширате. Пареата ќе ги разбие влакната на ткаенината и ќе ги „извлече“ несаканите мириси.
Друго брзо решение е домашен спреј за освежување на ткаенината. Дестилираниот оцет делува како природен дезодоранс. Измешајте го со вода и неколку капки етерично масло за попријатен мирис, а потоа испрскајте ја облеката.
Ако перете облека во машината, обидете се прво да ставите сода бикарбона и да ја оставите преку ноќ, бидејќи правот ќе помогне да се апсорбираат непријатните мириси. Потоа додадете половина чаша сок од лимон или вотка во машината. На тој начин, облеката ќе биде чиста и ќе мириса на свежина.