Германската канцеларка Ангела Меркел покажа на Европската унија во изминатите десетина години дека никогаш не треба да се потценуваат нејзините политички вештини, наведува АП, најавувајќи го нејзиното денешно учество на самитот на Европската унија, откако претходниот таков собир го одржа поради настојување на оформи коалиција во својата земја.
Ангела Меркел во Брисел овој пат ќе го има статусот канцелар вршител на должност, додека со години наназат е сметана за чувар на целината на ЕУ, забележува американската агенција АП.
Агенцијата истакнува дека Меркел е позната по својата самоувереност што сега кружат ориказни за губење на нејзиното влијание. Сепак, набљудувачите таквите шпекулации ги отфрлаат и тврдат дека наводите за нејзиното слабеење немаат основа.
– Навикнавме да ја гледаме силна и цврста. Сега тоа не е така очигледно, веднаш во Европа се наговестуваат немири. Тоа е претерување, наведува професорот за европска политика на Универзитетот Гент, Хендрик Вос.
Иако проблемите со кои се соочува Меркел ја оставија подотворена вратата за нејзин евентуален наследник во улогата на предводик на ЕУ, никој не брза да заклучува вистина од тоа, што зборува за високото почитување кое таа го ужива, но и за извесната неопходност на Германија.
Американската агенција додава дека францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во замав откако во мај однесе победа на претседателските избори, многумина го опишуваат како човек способен да ја фрли Меркел во сенка.
Меѓутоа, како што се нагласува во анализата, макрон одлично знае дека ЕУ ништо не може да постигне без силната Германија во неа.
Ниту една официјална регорма во ЕУ се нема случено во изминатите 60 години, во смисла на поединствена унија и поголем просперитет помеѓу државите членки, во периодот кога помеѓу Франција и Германија имаше раздор, заклучува АП.
– Претседателот многу вложи во односите со канцеларката Меркел. Таа е популарна и почитувана во Франција, а со задоволство соработувате со луѓето кои ги знаете, вели Ришар Ферна за германскиот лист „Цајр“, кој го предводи мнозинството на Макрон во долниот дом на францускиот парламент.