Откако Илон Маск го презеде Twitter за повеќе од 40 милијарди долари, многу се променија во врска со таа социјална мрежа – или ќе се променат.
Новина е изјавата на најбогатиот човек на светот – дека Twitter секогаш ќе биде бесплатен за обичните корисници, но дека може да има промена на цените за комерцијалните и владините корисници.
„Твитер секогаш ќе биде бесплатен за обичните корисници, но може да има помала промена на цените за комерцијалните и владините корисници“, изјави новиот сопственик на Twitter, основачот на Tesla и SpaceX.
Твитер одби да коментира нешто на оваа тема, откако со нив контактираше Ројтерс, а потсетуваме дека Американецот минатиот месец почна со предлози за промени на Твитер. Пред неколку дена известивме за неговите моментално познати планови.
Маск во неколку наврати истакна дека го купил Твитер со намера да го направи приватна компанија која ќе дозволи слобода на говорот, а меѓу другото – сака да ја подобри платформата со нови опции, да промени одредени алгоритми, да отстрани ботови и да ја потврди сметката на сите .
Во април, пред да постигне договор за купување на Твитер, Маск предложи неколку промени во премиум претплатата на Twitter Blue, вклучително и намалување на цената.
Во понеделникот, тој исто така рече дека ќе го „направи транспарентен“ начинот на кој одредени твитови се промовираат или деградираат, како и ќе го направи софтверот на Твитер достапен за јавноста.