Дали треба да се престане со алкохолот во изолација?

Сподели со своите пријатели

Поради пандемијата на коронавирусот, затворени се сите објекти кои не се нужни за животот, вклучувајќи кафулиња, барови и ноќни клубови.

Loading...

Иако на повеќето луѓе им недостасуваат излегувањата и одењето на пијалаци, лекарите велат дека затворањето на сите овие објекти всушност има позитивен ефект врз здравјето на луѓето, дури и по само две недели, пренесува Дејли Меил.

Во овие земји алкохолот е забранет и може да ве чини живот!

Различни лекари и нутриционисти изјавија за „Дејли меил“ дека здравјето и телото на човекот ќе се опорават во време на изолација.

Еден лекар рече дека запирањето на потрошувачката на алкохол ќе резултира во порамен стомак, почиста кожа и посилен имунолошки систем што подобро би се борел против инфекцијата. Додека во некои случаи може да се случи целосно закрепнување на црниот дроб од години на пиење алкохол.

Нутриционистот рече дека возрасните мажи и жени можат да консумираат дури три илјади калории во една недела преку алкохол, а едноставно запирањето на потрошувачката ќе го намали внесот на калории и зголемување на телесната тежина.

Баба и дедо во изолација пронајдоа забава во креативно пиење алкохол (ВИДЕО)

По последниот пијалок, црниот дроб започнува да работи двојно побрзо и телото оди во детоксикација и се чисти од штетни материи и токсини.

Loading...

По само една недела престанување на консумацијата на алкохол, распоредот за спиење се враќа во нормала и несоницата престанува и луѓето се чувствуваат одморено и свежо. Луѓето се будат со повеќе енергија и нивната кожа е јасна и свежа и здрава.

Ако престанете да конзумирате алкохол еден цел месец, црниот дроб се обновува и ја зголемува вашата способност да ги избркате токсините за петнаесет проценти. Исто така, го намалува нивото на холестерол во организмот за пет проценти, по само четири недели без алкохол.

Предупредување за луѓето кои консумираат алкохол за време на пандемија

Експертите советуваат дека коронавирусот е совршено време да се опоравите од пиење алкохол и дека по само една недела, ќе ги видите првите позитивни ефекти врз вашето тело и здравје.

Но, тие исто така советуваат дека оваа практика треба да продолжи откако ќе се укинат мерките и животот ќе се врати во нормала.

Leave a Reply