Дали треба да носите очила за вид? Овие фотографии можат да ви откријат!

Сподели со своите пријатели

Ноќното возење понекогаш може да биде голем предизвик дури и за многу искусни возачи, а проблемите со видот можат да направат проблем дури и за најискусните.

Понекогаш луѓето дури и не сфаќаат дека имаат проблем со видот, па затоа еден корисник на Твитер објави две фотографии откривајќи како изгледа ноќно возење за оние кои добро гледаат и како за оние кои имаат астигматизам.

Една фотографија покажува улични светла и семафори каде светлото е замаглено и се формираат линии, што му отежнува на возачот нормално да го гледа патот и сè околу него.

На втората фотографија е прикажана улица со автомобили кои чекаат во колона, но има само малку „замаглување“ околу светлата.

Судејќи според тврдењата на мрежите, поентата на овие фотографии е увид во тоа како гледаат луѓето што имаат и како оние кои немаат астигматизам.

 

 

Астигматизмот обично се јавува поради неправилна форма на рожницата, поради што рефрактивните зраци се фокусирани на различни точки, а набљудуваните предмети се гледаат истегнати и заматени.

Често е наследна, може да се појави кај деца и може да се промени во текот на животот.

Овие фотографии ги зачудија луѓето на социјалните мрежи, а еден корисник коментираше дека „мислев дека сите ги гледаат линиите, а кога бев мал гледав што е можно подолго за да ги направам линиите подолги, тоа ме забавуваше. Мислев дека е нормално“.

„Немав идеја за ова! Искрено, мислев дека сите ги гледаат светлата на тој начин”, напиша една жена.

Во коментарите се појавија повеќе изненадени луѓе, а оптометристот Кери Смит Џејн рече дека „овие фотографии не се лоша претстава за астигматизмот“.

Таа вели дека заматена и истегната слика може да биде предизвикана од други проблеми, па затоа ги советува сите што ќе го видат ова да се обратат кај очен лекар за да ја утврдат вистинската причина.

Напомена: Овој текст треба да се земе со резерва, а за сите проблеми со видот обратете се до вашиот лекар!