Малку е веројатно дека деновиве не сте виделе фотографија на некои од своите пријатели кои се дело на апликацијата FaceApp. Сите зборуваат за оваа апликација со помош на која можете да видите како ќе изгледате кога ќе остарите.
Илјадници луѓе на социјалните мрежи ги споделиле своите фотографии од FaceApp апликацијата. Тоа што апликацијата во последните денови е многу популарна, привлече внимание и на експертите кои изразија загриженост поради нејзините услови за користење.
FaceApp не е нова апликација. Таа прв пат привлече внимание пред две години поради тоа што претвораше лица на луѓето од една националност во друга, што наиде на лоши реакции па истата бргу беше укината.
Апликацијата ви овозможува да испробате како ви стојат различни бои на косата и фризурата, бркови или брада. Со неа можете на вашето ненашминкано лице да додадете совршена дневна или вечершна шминка или прекрасна насмевка иако на сликата на сте расположени. Притоа линиите околу устата, брадата и образите се прилагодуваат на природниот изглед.
Ова се прави со помош на вештачка интелигенција. Апликацијата ја вчитува фотографијата од вашето лице и ја прилагодува врз основа на други фотографии.
FaceApp вели дека поголемиот дел од фотографиите ги брише од нивните сервери во рок од 48 часа од нивното вчитување и дека апликацијата ги зема само фотографиите кои корисниците ги избрале.
Меѓутоа, програмерот Џошуа Нози тврди дека FaceApp вчитува фотографии од паметните телефони без да бара дозвола од луѓето.
Со тоа не се сложува францускиот истражувач кој го користи псевдонимот Елиот Алдерсон кој ги истражувал отвие тврдења и кој вели дека таквото масовно собирање фотографии не се случува и дека FaceApp зема само фотографии кои корисниците одлучиле да ги испратат. FaceApp за ВВС потврдил дека се вчитуваат само фотографии испратени од корисниците.
Другите шпекулираат дека FaceApp може да користи податоци собрани од фотографиите на корисниците за обука на алгоритми за препознавање лица. Ова може да се нарапви дури и по бришењето на фотографијата, затоа што мерењата на карактеристики на лицето можат да се извлечат и да се користи во тие цели.
Сепак, директорот на компанијата која е сопственик на FaceApp апликацијата, Јарослав Гончаров, за ВВС рекол дека тоа не се прави.
Некои, сепак мислат дека не е така. Зошто FaceApp воопшто треба да вчитува фотографии кога апликацијат аможе во теорија само да обработува фотографии локално на паметните телефони, наместо да ги испраќа во „клауд“.
Серверот кој ги чува фотографиите на корисниците се наоѓа во САД. FaceApp е руска компанија со канцеларија во Санкт Петербург.
Истражувачот Џејн Вонг на Твитер рекла дека тоа што FaceApp избрал фотографиите на корисниците да се обработуваат на својот сервер наместо на телефонот, и дава на компанијата предност во бизнис смисла, затоа што на тој начин таа го крие својот код од конкурентите и го штити од копирање. Од друга страна, обработката на фотографиите на самиот телефон би била поспора и би трошела повеќе батерија.
ВВС ја цитира американската адвокатка Елизабет Вајнштајн која вели дека условите за користење на апликацијата укажуваат дека фотографиите можат да бидат користени во комерцијални цели, како на пример за рекламирање на самата апликација.
Сепак, директорот Гончаров вели дека условите за политиката на приватност на FaceApp се генерички и дека компанијата не споделува никакви податоци поради целни огласувања. Апликацијата заработува од претплатите со премиум функциите, објаснил тој.
– Условите на FaceApp овозможуваат на компанијта да го прави она што им се допаѓа со фоторафиите на своите корисници, што е загрижувачко, но и прилично вообичаено. Компаниите знаат дека скоро никој не ја чита политиката за приватност и затоа бараат што повеќе права, за случај тоа да им стане корисно, дури и ако за моменталните планови не им требаат, рекол за ВВС Стивен Мурдок од Лондонскиот универзитетски колеџ.