Дали таргетирањето на нуклеарни постројки на Иран може да биде новиот Чернобил?

Loading...
Сподели со своите пријатели

Иако нападите на Израел беа насочени кон нуклеарната програма на Иран, тие се фокусираа на постројките за збогатување ураниум.

Експертите за BBC News изјавија дека штетата на локациите не претставува ризик од „нуклеарен инцидент“ како катастрофите во Чернобил или Фукушима.

Како што пишува BBC, ова е затоа што во постројката за збогатување ураниум не се одвива нуклеарна реакција.

Во реакторот на нуклеарна централа, атомите на ураниум се делат во контролирана реакција на фисија што произведува топлина за енергија и отпадни производи кои се повеќе радиоактивни од ураниумското гориво.

Од друга страна, постројките за збогатување едноставно произведуваат гориво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Откриено е зошто САД не му се придружија на Израел во нападот врз Иран

Специјалистот за нуклеарни материјали, Сајмон Мидлбург, од Универзитетот Бангор, објаснува дека ако постројката за збогатување биде бомбардирана, „збогатениот ураниум би бил исфрлен од постројката – веројатно во животната средина“.

„Но, веројатно нема да има нуклеарна реакција, па затоа опасностите би останале локални и не би претставувале радиолошки ризик надвор од малата зона на исклучување околу постројката“, додава тој.