Постојат неколку забележани случаи во историјата кога смеата, наместо да лекува довела до смрт.
Поголемиот дел од лекарите веруваат дека оние кои починале од смеа, а во кои наводно спаѓаат грчкиот филозоф Хрисип и шкотскиот писател Томас Уркарт, се смееле толку силно што тоа довело или до срцев удар или до гушење.
Тука е и случајот на Алекс Мичел, Англичанец, кој како што е забележано, починал од смеење во 1975. година. Тој пател од неправилна работа на срцето, состојба позната како продолжен QT интервал, кај кој претераното возбудување може да предзвика срцето да прави необично долги паузу помеѓу отчукувањата. Оваа болест, заедно со ефектит од 25-минутното смеење, се поклопиле во крајна причина за неговата смрт.
Меѓутоа, неправилната работа на срцето не било единствената состојба во позадината на смрта при смеењето. Кралот Мартин Први од Арагон имал проблеми со варењето. Откако неговата двроска будала раскажала урнебесен виц, кралот се смеел неколку часа пред да умре во 1210. година. Меѓута, оваа приказна на големо се оспорува.
Оспорен е и случајот на Томас Уркарт, кој починал од смеење откако слушнал дека Чарлс Втори го зазел престолот на Англија, Ирска и Шкотска во 1660. година.
За Хрисип се наведува дека починал во 3. век пред новата ера, откако набљудувал магаре како јаде смокви. Побарал од својот слуха на магарето да му дадат вино за да ги полие смоквите, по што наводно толку се смеел што починал.
Некои теории, велат дека Хрисип починал или од напад или труење од алкохол.
Доста пред него, грчкиот сликар Зеуксид во 5. век пред новата ера бил прв забележан случај на смрт од смеа во историјата. Наводно непривлачна жена порачала слика од Афродита од Зеуксид, начинета кон нејзе.
Кога ја видел грдата Афродита која ја наслика, Зеуксид умрел од смеење. Нема начини да се знае дали претходна медицинска историја допринела на неговата смрт.
Во понова историја се споменува приказната за Данецот, Оле Бенстен, кој умрел од смеење гледајќи го филмот „Рибата наречена Ванда“, иако таа приказна можеби потекнува од таблоидите.
Дали постои некоја непозната медицинска состојба која може да доведе до смрт од смеа не е познато, како ниту дали здрав човек може навистина да умре од смеење.