Фановите на Симпсонови со години пронаоѓаат различни клипови од старите епизоди на популарната ТВ серија кои се совпаѓаат со вистински актуелни настани, а многумина веруваат дека Симпсонови пред 17 години ја „предвиделе“ катастрофата на подморницата Титан, која имплодирала додека нуркала кон потонатиот брод Титаник.
Иако многу клипови за предвидување на иднината се всушност делови од епизоди изменети со потсмев, ова е вистинска епизода.
Сепак, се разбира дека не е точно дека писателите и продуцентите на Симпсонови ја предвиделе иднината.
Епизодата со наслов „Симпсон Тајд“ беше прикажана во март 1998 година.
Хомер Симпсон добива отказ како безбедносен инспектор во нуклеарна централа затоа што ставил крофна во реакторот.
Потоа Хомер го запознава својот одамна изгубен татко Мејсон Фербенкс кој е ловец на богатство.
Двајцата се качуваат на својата подморница, но Хомер се губи, се заглавува на коралниот гребен и почнува да губи кислород.
Многумина го споредија ова сценарио со татко и син кои се качија на подморницата Титан, која на крајот се распадна.
Сепак, Симпсонови не предвидуваа ништо, оваа епизода е инспирирана од филмот „Crimson Tide“ од 1995 година.
За се проговори и сценаристот и продуцент на серијата Мајк Реис, кој самиот седна во Титан во јули минатата година и отиде да ја види потонатиот брод на Титаник, а своето искуство го сподели со медиумите откако подморницата исчезна три денови предходно.
– Тоа е моја серија…А дури и јас целосно заборавив на постоењето на таа епизода – изјавил Реис, според Њујорк пост.
– Таа епизода е инспирирана од филмот ‘Crimson Tide’ кој во тоа време излегуваше во кината. Не ја предвидувавме иднината, филмот ни беше инспирација, а потоа 20 години подоцна се случи нешто што наликува на сценариото од таа епизода – изјави Реис.
Сопругата на Реис, Дениз, вели дека сличноста меѓу вистинските настани и шоуто е неверојатна затоа што самиот Мајк Реис заспал во подморница на пат до потонатиот брод Титаник – исто како Хомер во шоуто.
Реис претходно откри за Би-Би-Си дека откако потпишал документ за патување со подморница во кој се наведени „три начини на смрт“, се подготвил дека можеби никогаш нема да излезе жив од океанот.
– Смртта секогаш демне, секогаш ти е некаде во мислите – рекол Реис за патувањето со подморница за кое минатата година платил 100.000 американски долари.