Алкохолните пијалаци имаат различна боја во завиност од состојките од кои се прават, но и од процесот на ферментација.
– Сите дестилирани течности се со проѕирна или светла боја. Потоа, кога се чува во буриња и се ферментира, поради што добива потемна нијанса. Покрај тоа, бојата се менува и како течноста ги впива супстанците од бурето во кое се ферментира. Овие органски супстанци завршуваат во течноста, вели експертот Џемај Хескет.
Потемните алкохолни пијалаци имаат повеќе „несакани ефекти“ отколку проѕирните пијалаци, благодарение на органските состојки и нечистотиите, познати како конгенери, а кои се ставаат во процесот на производство.
– Поради тоа, морате да бидете внимателни не само кога се работи за количината, туку и за видот на алкохолот кој го пиете, вели др. Дај Нгајен, психијатар кој работи со лица кои се лекуваат од зависност од алкохол.
Во продолжение прочитајте каква е разликата помеѓу темните и светли алкохолни пијалаци.
Потемниот алкохол содржи повеќе нечистотии
Иако се смета за безбедно консумирањето на темниот алкохол во умерени количини, сепак тие содржат голем број конгенери, вели др. Нгајен. Овие нечистотии се дел од процесот за ферментација.
– Неколку хемикалии се произведуваат во овој процес, како ацетонот. Ако го споредиме вискито со вотка, виски содржи многу поголем број конгенери отколку вотката, вели тој.
Конгенерите на многу видови темен алкохол му даваат вкус, но можат да влијаат и на тоа како се чувствувате.
Темниот алкохол е причина за силен мамурлак
Генерално, темните алкохолни пијалаци се почеста причина за главоболки отколку проѕирните, а повторно благодарение на конгенерите.
– Еден конгенер кој се нарекува метанол се раствора во токсини формалдехид и мравја киселина, што го засилува мамурлакот, објаснува др. Нгајен.
Значи, ако сакате да испиете пјиалак, а да избегнете главоболка, можеби е подобро да ги изберете проѕирните пијалаци.
Потемниот алкохол содржи повеќе токсини
Постојат доста различни видови конгенери, а некои од нив се сметаат за токсични. Но, тоа не значи дека на секого влијаат исто.
– Ацеталдехидот, еден од конгенерите кој се произведува е хемикалија која е потоксична од алкохолот и може да има навистина големи негативни ефекти врз некого, а некој друг значително помали, вели др. Лоренс Вајнстин.
Тоа не значи дека не е безбедно да пиете потемен алкохол, се додека во тоа сте умерени, но можно е врз некои луѓе да влијаат повеќе од другите.
Посветлиот алкохол е причина за постабилен мамурлак
Бидејќи светлиот алкохол содржи помала концентрација на конгенери, др. Вајстин вели дека и мамурлакот од овие пијалаци често е послаб отколку кај потемните. Тоа секако не значи дека воопшто нема да имате мамурлак ако пиете премногу вотка, џин или некој друг проѕирен алкохолен пијалак.
Темниот алкохол содржи повеќе антиоксиданти
Поради својата боја, потемниот алкохол може да содржи повеќе антиоксиданти, кои генерално се сметаат за добри, вели др. Хаскет.
Тоа донекаде има смисол, кога ќе се сетите на студиите со кои е утврдено дека црвеното вино има бројни добри ефекти врз здравето, ако се пие во умерени количини.
Проѕирниот алкохол содржи помалку алергени
– Проѕирниот алкохол е течност која не е ферментирана. Поквалитетните проѕирни пијалаци се филтрираат за да се отстранат било какви нечистотии. Тие нечистотии генерално допринесуваат за вкусот на пијалакот, што е причина зошто висококвалитетните пијалаци имаат послаб вкус, вели др. Хаскет.
Но, тоа воедно е причина и зошто содржат помалку алергени.
– Нечистотиите во пијалакот дипринесуваат за реакцијата на таа течност врз лицето и можат да се поврзат со алергии, вели др. Хаскет.
Дури и со сите овие податоци, тешко е да се предвиди како некој вид алкохол ќе влијае на лицето затоа што тоа не зависи само од конгенерите, туку и од лицето. Затоа важно е, било кој алкохол што ќе го пиете, да бидете умерени.