Дали Путин испрати двојник на средбата со Трамп?

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа вчера во 21:00 часот по македонско време во Алјаска, објави Белата куќа.

Loading...

Теории на заговор за двојникот на Путин

Теоретичарите на заговор се убедени дека Владимир Путин всушност не се сретнал со Доналд Трамп во Алјаска, туку дека рускиот претседател испратил двојник.

Теоретичарите на заговор ги темелат своите претпоставки на изгледот и одењето на Путин, тврдејќи дека лицето кое слетало во Алјаска имало пополни јаболчници и изгледало повесело од Путин.

„Мислам дека е двојникот на Путин број 5. Всушност не личи на него. Образите му се позаоблени и не оди со вообичаените движења“,

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп му порача на Зеленски: Мирот зависи од тебе

„Тоа буквално не е ни вистинскиот Путин. Дури не испратија ни добар двојник“,

„Секој што сè уште не верува дека ова е двојникот на Путин е идиот“,

„Образдите му се премногу дебели и премногу се смее. Изгледа како цело време да се обидува да се воздржи од смеа“,

„Премногу е анимиран. Вистинскиот Путин има посериозно лице, многу малку емоции“, пишуваат корисниците на социјалните мрежи.

Loading...

 

 

Шпекулациите за двојник не се нови

Шпекулациите дека Путин користи двојници не се нови. Всушност, постои цела страница на Википедија посветена на „наводните двојници на Владимир Путин“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Туторка од БиХ приватно ги учи децата на Путин: Заработува вистинско богатство

Застапниците на оваа теорија веруваат дека двојниците на Путин се подложиле на операција за да личат на рускиот лидер колку што е можно повеќе.

Сепак, малите разлики во одењето и изгледот ги откриваат, тврдат застапниците.

Една таква разлика е препознатливиот „од на вооружен човек“ на Путин, кој дублерите не успеваат да го имитираат.

„Одењето на вооружен човек“ на Путин е начин на одење каде што едната рака (обично десната) останува невообичаено мирна до телото, додека другата рака (левата) се ниша нормално.

Loading...