Дали ова е навистина добра идеја? Американска фирма стави снајпер на робот! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Компанија специјализирана за воени роботи, Ghost Robotics, произведе робот на кој постави снајперска пушка.

Loading...

„Ние ги опремуваме САД и нашите сојузнички специјални сили со најновите иновации“, твитна „Ghost Robotics“ со фотографија од робот со четири нозе опремен со снајперска пушка.

Самата пушка SPUR е произведена од Sword International. Компанијата го опишува оружјето како „автоматска водена пушка за специјални намени“.

„SPUR е дизајниран да нуди прецизен оган од автоматизирани платформи како робот Vision-60 произведен од Ghost Robotics. Благодарение на своите напредни сензори, SPUR може да работи во различни временски услови, и дење и ноќе”, велат од компанијата.

Не е познато каков степен на автономија има вооружен робот, ниту дали ќе бидат контролирани од човек, пишува Индекс, повикувајќи се на порталот Футуризам.

 

Она што е познато е дека пушката користи куршуми од 6,5 милиметри, кои беа развиени за истрели од далечина.

Loading...

Експертите за вештачка интелигенција се шокирани од тешко вооружениот робот.

„Ова ја преминува моралната, правната и техничката граница и нѐ води во правец на мрачен и опасен свет“, рече Тоби Волш, професор по вештачка интелигенција на Универзитетот во Сиднеј и предупреди дека таквото оружје ќе го користат терористите и државите кои се закануваат меѓународен мир.

Тој потсети дека светските армии веќе ја замаглуваат линијата на разграничување помеѓу смртоносните дронови управувани од луѓе и оние кои имаат автономни можности за гаѓање, и повика на забрзување на разговорите во ОН со цел да се регулираат таквите технологии.

Стјуарт Расел, компјутерски научник од Беркли, вели дека социјалните мрежи најчесто реагирале негативно на вооружениот робот.

„Тоа е затоа што нормалните луѓе разбираат дека е лоша идеја да дозволите роботите сами да одлучат како да убиваат луѓе. Како што напиша некој, филмот Терминатор беше предупредување, а не прирачник”, рече Расел.