Дали мистеријата за смртта на Александар Македонски е решена по два милениуми?

Сподели со своите пријатели

Иако се случиа пред повеќе од 2.300 години, мистеријата за смртта на Александар Македонски изгледа дека дури сега е решена, благодарение на професорка од Универзитетот Отаго на Нов Зеланд.

Loading...

Др. Кетрин Хол, предавач во медицинско училиште Данидин и лекар, смета дека древниот владете не умрел од инфекција, алкохол или убиство, како што тврдат останатите. Наместо тоа, таа смета дека Александар Македонски се сретнал со својата студбина благодарение на невролошко преметување наречено Гиен-Бареов синдром.

Хол смета дека претходните теории за неговата смрт во 323 година пред новата ера не се задоволувачки затоа што не го објаснуваат целиот настан.

– Попрецисно, никој не обезбедил сеопфатен одговор кој дава веродостојно и примеливо објаснување на фактите кои ги забележал еден извор, дека телото на Александар не покажувало ниту еден знак на распаѓање шест дена по неговата смрт, вели Хол.

Таа истакнала дека древните Грци сметале дека ова е доказ оти Александар Македонски е бог.

– Мојата статија прв пат пружа реален овосветовен одговор – рекла Хол, чија теорија е обајвена во списанието „Билтен на древната историја“.

Покрај изостанатото распаѓање, 32-годишниот владетел имал грозица, болки во стомакот, прогресивна парализа и бил свесен пред да почине, наведува „Сајенс дејли„.

Хол верува дека овие симптоми одговараат на дијагнозата на Гиен-бареовиот сидром, кој се добива при инфекција со хеликобактерија.

Loading...

Поголемиот дел од теориите за смртта на Александар Македонски се фокусира на грозница и болка во абдоменот, меѓутоа Хол вели дека никој не обрнал внимание дека се наведува дека владетелот бил свесен и трезвен. Таа верува дека Александар имал варијатна на GBS која доведува до парализа, но без појава на конфузија или несвест.

– Неговата смрт дополнително ја компликуваат потешкотии во дијагностификација на смртта во древните времиња, кои се потпирале на присуство на духот наместо пулсот, вели Хол.

Ваквите потешкотии, заедно со парализата и намалените потреби од кислород, би ја намалиле видливоста на неговото дишење. Можната неспособност на неговото тело да ја регулира температурата исто така зборува дека зачуваноста на неговото тело не било чудо, туку просто знак дека се уште не бил мртов.

– Сакав да стимулирам нова дебата и дускусија и можеби да ги исправам истриските книги за наводите дека реалната смрт на Александар Македонски се случила шест дена подоцна од што се смисли. Неговата смрт можеби е најпознатиот случај на псеудотанатоси, лажна дијагноза за смртта, која некогаш е забележана, истакнала Хол.

Leave a Reply