Дали Маск подготвува своја социјална мрежа?

Сподели со своите пријатели

Доколку Илон Маск успее да се извлече од аквизицијата на Твитер, би можел да се посвети на развој на сопствена социјална мрежа која ќе му конкурира на Твитер.

Loading...

Сапуницата за (не)преземањето на Твитер од Маск сѐ уште трае, па нејзиното следно продолжение ќе се случи во судницата.

Додека шефот на Тесла сака да се откаже од планираното купување, наведувајќи ги лажните профили и ботови како главна причина, Твитер тврди дека богатството на Маск се намалило во последните месеци и затоа тој не сака да троши пари на мрежата.

Во случај да мора да го купи Твитер, Маск неодамна ги препродаде акциите на Тесла во вредност од речиси седум милијарди долари, но се чини дека размислува за лансирање на сопствена социјална мрежа која би можела да му конкурира на Твитер.

Имено, за време на разговор со твитерџиите за продажбата на акциите на Тесла, некој го прашал дали размислува да основа сопствена социјална платформа во случај да пропадне договорот со Twitter, Маск одговорил објавувајќи линк до „X.com“.

Уште пред да ги објави плановите за купување на Твитер, Маск ја спомена можноста за основање сопствена социјална мрежа, но по објавувањето на аквизицијата таа идеја беше речиси заборавена.

Но, се чини дека тој не се откажал од неа.

Секако, започнувањето на социјалната мрежа од нула, иако зборуваме за најбогатиот човек на светот, сигурно нема да биде лесно, а таквиот бизнис се соочува со огромни предизвици, како што и самиот Доналд Трамп го виде кога го започна Truth Social.

Loading...

Што се однесува до доменот „X.com“, Маск го купи уште во 2017 година од PayPal и нагласи дека има голема визија за тоа што може да стане X Corporation.

Доколку Маск навистина одлучи да започне мрежа која ќе го има тој домен, Business Insider вели дека е сосема јасно што можеме да очекуваме од неа – платформа каде што нема да има ботови, односно каде жестоко ќе се бори против нив и каде ќе има цензура на минимум.