Добитникот на Нобеловата награда, економистот Пол Кругман предупреди на нестабилниот пазар на криптовалути, споредувајќи ја сегашната ситуација со колапсот на хипотекарното кредитирање во доцните 2000-ти.
Авторот на серија книги, поранешен предавач на најпрестижните американски универзитети како Принстон и МИТ, редовно ги објавува своите коментари во Њујорк Тајмс.
Во една неодамнешна статија, Кругман предупреди дека „гледа непријатни паралели“ помеѓу криптовалутите и падот на американскиот пазар на хипотекарни кредити, што доведе до колапс на американскиот пазар на домување и ја предизвика глобалната финансиска криза од 2007-2008 година.
Хипотекарната криза беше резултат на тоа што банките им даваа кредити на луѓе со ниски приходи во време кога каматните стапки беа ниски, а цените на куќите растеа.
Откако пазарот стана заситен, цените почнаа да паѓаат, а во исто време сè повеќе должници не беа во можност да ги подмират обврските за заем: делумно поради зголемувањето на каматните стапки, а делумно поради недостатокот на приходи.
Со препродажбата на кредити на банките ширум светот, кризата се прошири и стана светска финансиска криза.
Кругман тврди дека финансиските производи се продаваат на инвеститори во криптовалути на сличен начин без вистинско разбирање на ризикот. Тој не е љубител на криптовалути.
Биткоинот и другите дигитални валути драстично паднаа во последните денови. На својот врв, пазарот на криптовалути вредеше вкупно три милијарди долари.