Дали „крцкањето“ на зглобовите е опасно?

Сподели со своите пријатели

При станување или при вежбање често ви „крцкаат“ зголовите? Дали поради тоа треба да се грижите?

Во поголемиот број случаи, доколку зголобивте крцкаат, но не болат, таа појава се нарекува крепитација. Не бара медицинско третирање, но лекарите сепак сметаат дека пуцкањето не треба намерно да се предизвикува, затоа што луѓето подоцна обично развиваат навика на растање.

Постојат неколку причини поради кои се слуша пуцкањето на зглобовите при изведување на некои вежби. На пример, звукот во раменици е поврзн со годините. Ако имате помалку од 35 години, крцкањето е знак за нестабилност и опуштеност на тетивите и сврзното ткиво.

Ако таков звук имате во лактот при движење и ако тоа е проследено и со болка или повремена блокада, постои можност низ вашите зглобови да залутало парче коска или ‘рскавица.

Силен и краток звук во колковите е најчеста појава, а се случува кога дебели снопови тетиви кои ги подржуваат нозете се преместуваат на надворешната страна од бутната коска. Иако тоа може да биде болно, нема причина за загриженост, затоа што станува збор за безопасна појава често кај младите жени. Решението е истегнување.

„Крцкањето“ на зглобовите  најчесто е последица на стари повреди како што се исчашување или набиеници. Колената на пример крцкаат при клекнување затоа што ги оптеретуваме со тежината која е седум пати поголема од нашата вкупна телесна тежина. Решението е зајакнување на мускулите кај колената.

Накчеста причина за крцкање на зглобовите на вилицата е стрес и напнатост што предизвикува и чкрипење со забите при сон.

 

Loading...