Кравите се на удар бидејќи секоја од нив ослободува над сто килограми метан годишно. Метанот е десет до дваесет пати поштетен од јаглерод диоксидот.
Поради емисиите на метан, кравите, односно производстовто на млеко и говедско, се означени како главни загадувачи и двигатели на климатските промени. Но, тоа е само половина вистина.
Една од еколошките предности на кравата е тоа што јаде, вари и излачува многу.
Имотот на семејството Лоренц во градот Фел во централна Германија има помалку работа околу кравите во текот на летото. Одат директно од шталата до пасиштето.
„Со пасењето на нашите крави на тревни површини, тие придонесуваат за создавање хумус, а тоа помага да се поврзе јаглерод диоксидот од атмосферата“, вели овој фармер. За 120 музари има 80 акри пасиште.
Сепак, идиличната сцена не се совпаѓа со наодите на некои студии кои тврдат дека чувањето крупен добиток е речиси поштетно за климата отколку патниот сообраќај.
Во случај на автомобили, се смета само она што се испушта од издувните гасови, а не штетните гасови во фабричките сали за автомобилски концерни или оние што се испуштаат за време на изградбата и одржувањето на патиштата.
Според оваа пресметка, сообраќајот во Германија сочинува 19 проценти од емисиите на штетни гасови, а дигестивниот тракт на кравата сочинува само околу три проценти.