Колку успешно и добро ќе се справите во нови ситуации зависи од интелигенцијата, а науката откри што влијае на тоа.
Експертите за генетика испитале дали интелигенцијата е последица на генетско влијание или се развива и се создава од надворешни влијанија. Тие заклучија дека тоа е всушност мешавина од влијанија врз наследената генетика и животната средина.
Интелигенцијата е ментална карактеристика што се однесува на способноста да учиме од искуства и да се прилагодиме на нови ситуации, и вклучува вештини за расудување, планирање и решавање проблеми, како и можност за апстрактно размислување и разбирање на сложени идеи.
Според научниците кои ја испитале оваа област на развој на човекот, не постои посебен ген што ја одредува целокупната когнитивна функција. Интелигенцијата е комплексна, што значи дека постојат повеќе гени кои се здружуваат за да одредат IQ на една личност.
И покрај фактот дека генетиката игра голема улога во нивото на интелигенција на една личност, студиите покажуваат дека општата когнитивна способност е под влијание на социјалниот и економскиот статус, како и на опкружувањето во кое растеме.
Според студиите за геномика, гените кои се одговорни за развојот на интелигенцијата е поверојатно да бидат наследени од мајката отколку од таткото. Многу гени кои содржат детерминанти на интелигенцијата се носат на х-хромозомот. Бидејќи жените имаат две копии на х-хромозомот, а мажите само една, се заклучува дека поголеми се шансите гените на мајката да бидат пренесени на децата.