Дали има разлика измеѓу миење раце со топла или студена вода?

Loading...
Сподели со своите пријатели

Научниците од Универзитетот Рутгарес во Њу Брунсвик спровеле истражување во желба да ја проверат точноста на популарното мислење дека топлата вода ги убива повеќе микробите при миење на рацете за разлика од студената вода.

Истражувањето било спроведено на мала група од 20 испитаниците. Тие 20 пати гимиеле рацете со вода на температура од 15, 26 и 38 степени целзиусови, користејќи помала или поголема количина сапун.

Пред експериментот, рацете им биле прекриени со безопасни микроби. Резултатите покажале дека не постои разлика во количината на отстраени микроби во зависност од температурата на водата или количината на сапунот.

Рацете треба да се мијат најмалку 20 секунди и тоа така што со сапунот се прекрива целата површина на раката, нагласуваат истражувачите.