Еден од утврдените митови е дека големината на пенисот е поврзана со големината на стапалото. Меѓутоа, науката покажува поинаку.
Едно од студиите што ја проучувало врската помеѓу големината на стапалото и големината на пенисот било спроведено од истражувачи од Универзитетскиот колеџ во Лондон. Тие направиле студија во која ги измериле гениталиите и стапалата на 104 мажи од сите возрасти и заклучиле дека нема корелација помеѓу големината на двата дела од телото. Идентичен заклучок произлезе од студија од 1993 година во Канада на 63 мажи.
Големината на пенисот е нешто што оптоварува многу мажи ширум светот, па често се спроведуваат различни студии за големината на машките гениталии. Така, едно истражување од 2015 година, спроведено на 15.000 мажи, покажало дека просечната големина на пенисот е 13,12 сантиметри во ерекција и 9,16 сантиметри во опуштена состојба.
„Резултатите треба да му помогнат на огромното мнозинство на мажи да разберат дека големината на нивниот пенис е во нормални пропорции“, велат британските истражувачи кои тогаш собирале и обработувале податоци од истражувањето.
Студијата на Националната здравствена служба на САД, спроведена на 2.770 мажи, покажала дека пократкиот пенис во ерекција се зголемува за дури 86 отсто, додека подолгиот се зголемува за 47 отсто, пренесува Метро. Едно истражување, како што пишува Medical News Today, покажало дека дури 85 отсто од жените се задоволни од големината на пенисите на нивните партнери, но процентот на мажи кои се задоволни со големината на нивните гениталии е многу помал. Имено, дури 45 отсто од мажите мислат дека имаат мал пенис.