Дали ЕУ подготвува нов удар врз Путин?

Сподели со своите пријатели

Европската унија проучува дали на Русија трајно може да го забрани пристапот до замрзнатите средства на централната банка, вредни милијарди евра, и да ги искористи за обнова на Украина, пишува Блумберг, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.

Loading...

Дискусиите се во рана фаза и правни експерти неодамна добија задача да ги разгледаат можните опции, пишува Блумберг.

Проценката дали и како да се преземе контролата врз имотот е исклучително сложена.

Според Блумберг, извршната власт на ЕУ во Брисел истражува начини трајно да го прекине пристапот на Путин до блокираните средства.

Станува збор за имот од 300 милијарди долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: 40.000 руски војници од Украина пренасочени кон Курск

Според изворот на Блумберг, прашањето било покренато во договорот со САД, но не е јасно дали администрацијата на Бајден исто така ќе преземе чекори за запленување на резервите во руски долари.

Трошоците за реконструкција се 750 милијарди долари

Европската комисија „истражува како да ја натера Русија да плати за уништувањето што го предизвика“, а лидерите на ЕУ побараа од неа „да ги претстави опциите за користење замрзнати средства за обнова на Украина, во согласност со ЕУ и меѓународното право“, рече портпаролот на Европската комисија Кристијан Виганд.

Тој додаде дека „постапката е во тек“.

Loading...

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс за германските медиуми изјави дека замрзнатите резерви може да се чуваат како гаранција додека Русија доброволно не учествува во обновата на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Москва ќе ги брани своите интереси на Арктикот

Украинската влада со месеци бара да ги префрли замрзнатите руски средства на своите сметки како компензација за обновата на земјата разурната од војна.

Трошоците за реконструкција се проценуваат на 750 милијарди долари, изјави во септември украинскиот премиер Денис Шмихал.

Земјите од ЕУ досега замрзнаа околу 17,5 милијарди евра имот што им припаѓа на санкционирани руски поединци и компании, додава Блумберг.