Иако многумина мислат дека чоколадното млеко е исклучиво пијалок за деца, сепак овој пијалок останува омилен на многу возрасни.
Една чаша чоколадно млеко обезбедува 150 калории, 2,5 грама масти, 23 грама јаглени хидрати со околу 10 грама шеќер и 8 грама протеини.
Порцијата содржи и 20% од дневната вредност за калциум, 30% за витамин Б рибофлавин, 10% за калиум и 15% за витамините А и Д.
Накратко, иако чоколадното млеко обезбедува некои клучни хранливи материи, исто така обезбедува една третина од препорачаниот максимален дневен внес на додаден шеќер за жените.
Нутриционистите истакнуваат дека секоја шолја чоколадно млеко со малку маснотии може да придонесе за хидратација.
Некои истражувања покажаа дека една чаша чоколадно млеко после тренинг ја зголемува синтезата на мускулите, што резултира со зголемување на мускулните клетки.
Чоколадното млеко ги компензира и изгубените електролити.Во споредба со другите спортски пијалоци кои обично се пијат после тренинг, чоколадното млеко содржи повеќе калциум и витамин Д, кои се од големо значење за спортистите.
Овие хранливи материи ја подобруваат атлетската способност поради нивното влијание врз коските и мускулите, а повредите се поверојатно ако не внесувате доволно од нив.
Калциумот го поддржува нервниот систем и е поврзан со ослободувањето на хормоните додека витаминот Д е важен во регулирањето на другите минерали.