Перниците и постелнината се меѓу овие работи, а статистиката покажува дека една третина од нас ги мие само еднаш годишно.
Во едно истражување, 40% од испитаниците признале дека никогаш не ги переле перниците, а многу од нив тврделе дека ги имале истите перници уште од мали нозе.
Експертите препорачуваат да ги миете перниците барем на секои два до четири месеци и да ги замените кога веќе ја немаат вистинската форма.
Како да знаеме кога е време да ги фрлиме старите и да купиме нови перници?
Една корисничка на социјалната мрежа ТикТок, покажа како ги тестира перниците. Каролина ја преклопува перницата и ја држи со двете раце најмалку 30 секунди, а потоа ја пушта и гледа колку време е потребно за да се врати во првобитната форма. Ако перницата брзо се врати и ја врати својата првобитна форма, сепак е добро да се користи. Доколку нема многу отпор и не се врати на стариот начин, време е да се замени, пренесува Метро.
@carolina.mccauley ⭐️ How to know if you need new pillows 🛏🤔 #homehacks #homehacks101 #homehackswithcarolina