Полни осум години еден земјоделец од селото Градиште, живеел вонбрачно со една девојка од некое село од Лесковачката околија. Во текот на вонбрачниот живот се родиле три деца.
Во 1961 година жената по четврти пат останала бремена и за тоа го известила својот вонбрачен маж. Тој уште веднаш и дал на знаење дека ако имаат материјални средства детето ќе го чуваат, во спротивно ќе го убие.
И кога на 27 февруари жената се породила, таткото го зел детето, најнапред го оставил во добро загреаната просторија, а попладнето го однел во визбата и го убил на многу свиреп начин.
Го оставил детето на земја и почнал да го гази со нозе врз градниот кош се додека тоа не престанало да дава знаци за живот. Убиеното новороденче потоа го завиткал во ќебе и утредента го закопал во месноста „Карадачки дол“ во атарот на селото Градиште.
По неколку дена таткото убиец го пријавил детето во матичната служба како умрено.
Меѓутоа, случајот е откриен и убиецот бил изведен пред суд.
Од објективни причини имињата на убиецот и неговата сопруга ги изоставивме во преземениот текст.
Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 12 (недела, 15 април 1962. година)