Дали е ова најлошиот возач во светот? Имал 184 казни за сообраќајни прекршоци! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Русин кој неодамна бил уапсен од полицијата во Москва, секако може да се нарече најлош возач на годината, бидејќи направил неверојатен број сообраќајни прекршоци…

Loading...

Имено, московската сообраќајна полиција била изненадена кога запрела луксузен автомобил во Рублевка, најексклузивниот дел од руската престолнина и побарала од возачот документи.

Возачот одбил да излезе од автомобилот, поради што полицајците биле принудени да употребат сила и да го скршат стаклото на луксузното возило со цел да го уапсат.

 

 

Министерството за внатрешни работи на Русија го објави видеото на својата веб – страница, пренесува Би – Би – Си.

Неименуван возач бил однесен во полициска станица, каде што било утврдено дека веќе има 184 неплатени казни.

Loading...

– Судијата на московскиот регион, Одинцово, му одредил на возачот седумдневен притвор, по што ќе се појави на суд – објави московската полиција.