Неколкупати истражувањата досега покажале дека жените сакаат кога мажите имаат мало стомаче, отколку кога имаат „плочки“.
Изгледа дека и некои мажи повеќе сакаат опуштен стомак, некои сакаат мускули, трети пак си купат чанта која имитира стомак.
Дизајнерот Алберт Пакис направил чанта која се носи околу појасот, а која зигледа како стомак, па дури доаѓа и во неколку нијанси за да се вклопи со бојата на кожата. Нацртан е и папок, а има и влакнеста варијанта.
Loading...
Иако оваа грда чанта се уште не е во производство, изгледа дека се чека времето кога ќе се најде во продавници атоа што Пакис бара партнер за производство.
– Ја направив оваа чанта затоа што очајнички сакам да имам вакво тело, но знам дека тоа е лошо за здравјето. Затоа си направив едностанво решение, вели дизајнерот и се надева дека наскоро ќе започне и масовното производство.