Концептното возило наречено The Huntress, освен што изгледа целосно футуристички, има и тркала кои можат индивидуално да се прилагодат додека возите за да се справат со нерамен терен, за максимална удобност.
Huntress е електричен теренски концепт автомобил дизајниран од кинескиот дизајнер Конери Ксу и чија концептна фото галерија можете да ја погледнете ТУКА. Овој теренски двосед има независен систем на суспензија, кој овозможува секое тркало да се движи автономно и да се приспособува на различни услови на или надвор од патот.
Половина од каросеријата на автомобилот е исто така способна да се врти во различни услови, како што се нерамен терен и нерамни патишта.
Предниот дел на автомобилот има необичен сет на фарови кои можат да се ротираат хоризонтално, откриваат скиците на возилото на Ксу. Како што се вртат светлата, тие откриваат уште еден сет на фарови, давајќи им на возачите подобра видливост во темнина или магла.
Електричниот мотор се наоѓа на задниот дел од автомобилот, а резервните гуми се сместени и помеѓу двете задни тркала.
За жал, автомобилот во моментов е сè уште само концепт и останува нејасно кога ќе стане реалност. Сепак, The Huntress нуди интересен увид за тоа како би можело да изгледа иднината на возење надвор од патот.