Инструкторот за возење Питер Скот од Сандерленд, Англија, сними застрашувачки момент на патот во кој возачот избегна сериозни повреди.
Имено, возачот на Ленд Ровер се паркирал на левата страна од патот, ја отворил вратата и се обидел да излезе од возилото кога друг автомобил го поминал со полна брзина и “затропал на неговата врата”.
Возачот на Ленд Ровер очигледно не гледаше кога излезе од автомобилот, а имаше и голема среќа бидејќи доколку излезеше секунда порано, ќе беше згазен од белата Форд Фиеста.
– За среќа, никој не е повреден, но ова е пример зошто треба да се погледне во ретровизорите пред да излезете од возилото, но и зошто треба да возите малку подалеку од паркираните возила – напиша инструкторот за возење со видеото што го објави