Далај Лама слави роденден: Тибетскиот духовен водач наполни 86 години

Сподели со своите пријатели

Тибетскиот духовен водач, Далај Лама, кој денес наполни 86 години, им се заблагодари на своите приврзаници и и се заблагодари на Индија, каде што живее откако ја напушти својата татковина во 1959 година.

Loading...

– Сакам да изразам длабока благодарност до сите мои пријатели кои навистина ми покажаа љубов, почит и доверба – рече Далај Лама во видео порака, пренесува АП.

Тој ја повтори својата мисија да му служи на човештвото и ги повика своите приврзаници да бидат сочувствителни.

 

 

– Откако станав бегалец и кога се сместив во Индија, целосно ја искористив индиската слобода и верска хармонија – рече тој и додаде дека исклучително ги почитува индиските секуларни вредности како што се искреност, каруна (сочувство) и ахима (ненасилство )

Мала прослава се одржа во Централната тибетска администрација, на која присуствуваа главно владини претставници.

Loading...

На проектираниот екран беше пуштена видео порака од Далај Лама, проследена со културен перформанс од страна на Тибетскиот институт за изведувачки уметности.

Обично, роденденот на духовниот водач е отворен за јавноста, кој би дошол во храмот Цуглакланг каде што се одржувале настапите, додека понекогаш и водачот се појавувал.

 

 

Оваа година, поради пандемијата на коронавирус, прославите беа поинтимни дури и зад затворени врати, додека на градскиот плоштад висеше транспарент со ознака на неговиот роденден, а тибетските монаси им делеа слатки и сок на минувачите пред затворен храм.

– Многу луѓе навистина покажуваат дека ме сакаат. И, многумина всушност ја сакаат мојата насмевка – рече Далај Лама со насмевка на почетокот на видеото.

Leave a Reply