Триесетгодишната Шарај, мајка на мало девојче, козметичарка и келнерка од Денвер, ги покрила вратот, рамената, стомакот и рацете со тетоважи.
Како што вели, станала зависна од тетоважи, а досега потрошила повеќе од 16.000 евра за украсување на своето тело и трансформација во „опасна Бабрика“.
View this post on Instagram
– Брат ми почина кога имаше 22 години, во моментот кога правеше тетоважи на раката, односно сакаше да направи т.н. ракав од тетоважа. Ја истетовирав целата рака во негова чест – рече Шарај.
Потоа, како што вели, сè започна:
– Станав зависник од тетоважи. Сега и двете раце, вратот, градите, стомакот и ногата се тетовирани. Имам безброј тетоважи. Досега потрошив повеќе од 16.000 евра само на нив и сакам да направам повеќе. Сега почнувам да тетовирам т.н. тетоважни чорапи – Шарај го сподели својот план.
View this post on Instagram
Покрај тетовирањето, Шарај редовно става филери и ботокс. Таа открива дека семејството целосно ја поддржува, бидејќи и нејзините родители се тетовирани.
– Би го опишала изгледот кон кој се стремам како Памела Андерсон од 90-тите во комбинација со Томи Ли. Мојот сон е да бидам најдобриот можен пример и мајка на ќерка ми.
View this post on Instagram