Сенатот на САД го потврди назначувањето на Даг Бургум, поранешен гувернер на Северна Дакота, за секретар за природни ресурси.
Бургум (68) во четвртокот беше номиниран од 79 сенатори, а 18 гласаа против, објави Ројтерс.
За време на сослушувањето, Бургум рече дека ќе ги прошири дупчењата за нафта и гас.
Ова означува остар пресврт од политиката на администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, која се обиде да ја ограничи експлоатацијата на нафта и гас и промовираше обновливи извори на енергија како дел од борбата против климатските промени.
Предвидено е Бургум да го води и новоформираниот Национален совет за енергија, кој ќе се обиде да воспостави американска „енергетска доминација“ во светот, пренесува Танјуг.