Дачиќ: Србија нема да ја забрани работата на Спутник и РТ

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Собранието на Србија и лидер на СПС Ивица Дачиќ изјави дека Србија нема да ја забрани работата на руските медиуми, како што направија многу други земји.

Коментирајќи ја забраната за работа на телевизијата РТ и Спутник, Дачиќ денеска изјави дека Србија нема да ја применува „таа цензура и речиси тоталитарни идеи“.

Дачиќ за Спутник изјави дека Западот и Европската унија со години држат лекции за медиумските слободи, а сега воведуваат брутална цензура со цел да шират омраза против Русија и рускиот народ.

Тој оцени дека исклучувањето на Спутник и РТ во земјите кои „континуирано ќе ги извезуваат нивните „демократски слободи“ низ светот“ е целосно неприфатливо.

Тој, исто така, праша дали тоа се „европски стандарди што треба да ги примениме, да воведеме остра цензура“ и рече: „Србија нема да го направи тоа и нема да ја применува таа цензура и речиси тоталитарни идеи“.