Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ вели дека надворешно политичките приоритети на Србија се членвството во ЕУ, унапредување на односите со Русија, Кина и САД, развој на односи со пријателските држави во Африка, Азија и Јужна Америка и како клучно и највежно за територијален интегритет и суверенитет на државата, со Косов и Метохија како составен дел на Србија.
Во предавањето кое го одржал на Дипломатската акаедмија, Дачиќ помеѓу клучните надворешно политички приоритети го сместил и развојот на добрососедските односи, цврстото економско поврзување со најзначајните земји и воена неутралност во соработка со НАТО.
Тој вели дека иако на прв поглед некои приоритети делуваат меѓусебно спротивастваени – зачувувањето на Косово и Метохија со членството во ЕУ, унапредување на односите со Рурсија, но и со САД – тие не се, затоа што се втемелени во Уставот на Србија, а нивната реализација се одвива со уважување на сите фундаментални принципо на меѓународното право, вели Дачиќ.
Тој вели дека со поглавјето 35. напредокот во дијалото помеѓу Белград и Приштина за Србија се поставува како услов, што претставува отежнувачка околност поради константна опструкција на Приштина во реализација на договореното.
Loading...