Компанијата „Зипјет“ спроведе студија која ги рангираше градовите врз основа на различни податоци за да најде најмалку стресни градови за живот.
На прво место беше германскиот град Штутгарт – место каде секојдневниот живот тече без стрес.
За да се постигне конечен резултат, следниве фактори беа испитани во 500 градови низ целиот свет.
Град: густина на населението, зелени места, сообраќај, сонце, перцепција на безбедноста, јавен превоз.
Загадување на животната средина: загадување на воздухот, загадување од бучава.
Финансии и невработеност: долг по глава на жител, социјално осигурување, куповна моќ на семејство.
Население: ментално здравје, физичко здравје, родова еднаквост.
Список на топ 10 градови што го намалуваат стресот:
1. Штутгарт
2. Луксембург
3. Хановер
4. Берн
5. Минхен
6. Бордо
7. Единбург
8. Сиднеј
9. Грац
10. Хамбург