Не се точни тврдењата дека нема тендерска постапка за избор на компанија која врши одржување на граничните премини, велат од Царинската управа на Република Македонија по денешната реакција на камионциите дека четири часа биле заглавени на терминалот на Граничниот премин Табановце поради неисчистен снег и додаваат дека утринава е нормализирана состојбата.
– На тендерска постапка за одржување на надворешна хигиена во склоп на која е и зимското одржување на ГП Табановце, избрана е фирмата „ЕКО Клуб“ која ангажира лица и потребна механизација за чистење на граничните премини. Точно е дека на ГП Табановце синоќа во одреден период постапките се одвивале поспоро поради ниските температури и голомразица на пристапниот/излезниот пат од терминалот, но утрово терминалот е исчистен и состојбата е целосно нормализирана, велат во реакцијата од Царинската управа.
Четири часа блокиран терминалот на Табановце поради неисчистен снег (ФОТО)

