Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Куманово во изманитиве две недели организира хуманитарни активности за помош на неколку семејства од град Куманово и општините Старо Нагоричане и Липково.

Семејтвото Биљали од м.з. Тоде Мендол и самохрана мајка Венера Анѓелковиќ од населба Ѓорче Петров – Скопје, со привремен престој во село Табановце – Куманово, нивните домови и целиот имот се опожарени во два одделни случаи.


