Црвениот крст ги претстави активностите и постигнувањата пред кумановци

Сподели со своите пријатели

Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Куманово по повод Недела на млади на градскиот плоштад во Куманово, заедно со младите волонтери од Клубот на млади ги претставија активностите со штанд на кој имаше информативни флаери и пункт за демонстрација на укажување Прва помош за заинтересираните случајни минувачи.

 

 

На овој начин младите како и постарите граѓани од нашата општина имаа можност поблиску да се запознаат со работата, активностите и достигнувањата на младите волонтери од општинската организација на Црвен крст Куманово.

Leave a Reply