Црвен метео аларм во неколку италијански градови поради екстремна топлина

Сподели со своите пријатели

Италија беше погодена од силен топлотен бран, а градовите Болоња, Болцано, Бреша, Фиренца, Перуџа и Торино денес беа под црвен метеоролошки аларм, додека врвот на топлотниот бран се очекува да се случи во текот на викендот.

Министерството за здравство на Италија соопшти дека бројот на градови под највисоко ниво на тревога ќе се искачи на 13 во петок.

Во недела, во Фиренца, Ферари и Терни, се очекува температурата да достигне дури 40 степени Целзиусови во сенка, изјави метеорологот Антонио Сано, а во Милано и Рим се прогнозираат 39 степени, пренесува италијанската новинска агенција ANSA.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалното затоплување е одговорно за два од три смртни случаи од топлина летово во Европа

„Максималната температура би можела да ги надмине историските рекорди забележани дури и за време на познатиот топлотен бран од 2003 година, а по нив ќе следат тропски ноќи со минимална температура над 20 степени“, рече Сано, основач на метеоролошкиот портал iLMeteo.it.

Според прогнозите, низ цела Италија се очекуваат минимални температури од околу 25 степени и максимални температури до 40 степени, како на југот, така и во централниот и северниот дел од земјата.

Антициклонот што доминира во Италија, како што изјави Сано, ќе трае најмалку десет дена, со првиот температурен врв денес, 26 јуни, вториот, поизразен, во недела, 29 јуни, додека мало заладување се очекува дури по среда, 2 јули.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ разгледува санкции против кинески компании како дел од нов пакет

Црвениот аларм значи температура што претставува опасност не само за хронично болните и постарите лица, туку и за целосно здравите луѓе.