Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Куманово, во текот на септември и октомври со своите волонтери, а во соработка со невладините „Ајде Македонија“ и „Инклузива“ Куманово се вклучи во подршка и организација на акцијата под мото „Нахрани 10.000“, со цел собирање на конзервирана храна за помош на социјално ранливи семејства.
По успешно спроведените акции беа изработени пакети со конзервирана храна, и заедно со своите вработени и волонтери од Црвен крст Куманово беа поделени и дистрибуирани 100 прехрамбени пакети на социјално загрозени семејства од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
– Се заблагодаруваме на сите општествено одговорни граѓани и претпријатија, а особено до маркетите на „Елида“ кои ја подржаа акцијата со дополнително донација на конзервирана храна, и се надеваме во иднина дека овој позитивен пример за општествено одговорна компанија ќе биде следен и од останите компании од градот, информираат од ОО Црвен Крст Куманово.
Loading...